Фасадни системи ETICS

На специјалистите од градежната индустрија Henkel им нуди сеопфатна гама композитни системи за надворешна термална изолација - ETICS - за изолирање фасади, компатибилни со сите свои компоненти. Нашите Ceresit Ceretherm системи значително ја оптимизираат потрошувачката на енергија на зградата, намалуваат бучава и спречуваат продирање на влага. Освен тоа, со Ceresit VISAGE малтерите и боите фасадата станува главен елемент на дизајнот на куќата - сите се компатибилни со Ceresit ETICS системите. Нашите системи се приспособени кон разни потреби - некои имаат дополнителни карактеристики, како на пример исклучително брза инсталација или највисока отпорност. Што и да изберете, добивате сигурна, висококвалитетна изолација со внимателно одбрани компоненти.