Хидроизолација

Влагата не ја уништува само структурата на зградата, туку може и да доведе до разни здравстени проблеми кај станарите. Henkel го има вистинскиот одговор, нудејќи широко портфолио хидроизолациски решенија за целата зграда, од темелите до кровот. Овие системи нудат висококвалитетна заштита од продирање на вода во која било форма. Благодарение на стручноста на компанијата во ова поле, професионалци ширум светот имаат доверба во Henkel.
 
Дали за внатрешна или надворешна употреба, нови згради или реновирање стари, поплочување мала бања или голем јавен базен, за приватни или индустриски намени - можете да бидете сигурни дека Ceresit претставува вистинско решение со својата широка гама совршено наменски производи. Благодарение на нашето искуство и развојот на новите технологии, нашите производи за поплочување нудат најдобри материјални перформанси и трајност, додека во исто време поплочувањето се врши побрзо и со помалку напор.