Универзални подлоги

Сложените површини можат значително да влијаат на успехот на вашата работа. Нашите  подлоги нудат основа за совршено инсталирање и сигурен краен резултат без разлика каков вид на градежна работа е во прашање - поставување керамика, местење на подови или хидроизолација. Тие го врзуваат правот, ја зацврстуваат подлогата и обезбедуваат одлично врзување на горниот слој или лепило. Без оглед на надворешните влијанија (температура, влага итн) Ceresit секогаш ве снабдува со соодветниот прајмер за економични и сигурни резултати за одржливи внатрешни финиши.