За Henkel

Henkel е застапен низ целиот свет, со водечки брендови и технологии во три области: детергенти и средства за хигиена во домот, козметика и лична хигиена и производи за индустрија и градежништво.

Компанијата е основана во 1876 од Фриц Хенкел во Ахен, Германија. Henkel е светски лидер како на потрошувачкиот така и на индустрискиот пазар со бренодови како Persil, Schwarzkopf, Loctite и Pritt. Седиштето на компанијата е во Дизелдорф, Германија и има околу 50.000 вработени во повеќе од 120 земји, со повеќе од 17 фабрики и 10 главни сектори за истражување и развој низ светот.

Во Јуни 1923, првата пратка со лепила беше испратена од Дизелдорф, Германија. Овој историски момент го обележи раѓањето на бизнис единицата за адхезивни технологии во која што Henkel денес е светски лидер.

Нејзин интегрален дел е секторот на хемикалии во градежништвото. Со нашите клучни категории: лепаци за керамика, хидроизолација, топлинска изолација на домови, нудиме широка палета на специјални производи и системски решенија за да ги задоволиме потребите на професионалците во индустријата и градежништвото.

Овој сектор е во постојан раст, па затоа во 1986 Henkel го добива Ceresit-водечки бренд за хидро и термоизолација. Така, Henkel го проширува своето портфолио на хемиски производи и ја зацврстува својата позиција како во Источна Европа така и во Азија, на Блискиот Исток и во Јужна Америка.

Со нашето искуство, знаење, технологии и иновативни производи им овозможуваме на нашите потрошувачи да бидат успешни и ефикасни истовремено грижејќи се природните ресурси на планетата да бидат зачувани.