Полиња на стручност

Имаме изградено меѓународно призната мрежа на производи за во градежништвото и системски решенија што се применуваат на различни полиња-од производи за зацврстување и поврзување на плочки, прозорци, фасади, покриви и подови до технологии за инсталирање и врзување. Ако сте плочкар, паркетар, столар или специјалист за кровови и фасади, можете да сметате на леснотијата во употребата и одличните перформанси на нашите решенија.

Многу од проектите во градежништвото не можат да бидат завршени со поединечни производи или решенија. Затоа, Ceresit гради едноставен производен систем чии што елементи се совршено поврзани-од системи за поставување керамика до системи за изолација на фасади. Сите решенија што ги нуди Henkel овозможуваат исклучително висока сигурност во примената и лесно работење што истовремено значи заштеда на пари и време за корисниците.