Henkel


Henkel работи ширум светот со водечки брендови и технологии во три деловни области: Перење и Нега за домот, Козметика и Лична нега и Лепила и технологии.                     
Основана во 1876 од страна на Фриц Хенкел во Маастрихт Ахен, Германија, Henkel е глобален лидер како во потрошувачките така и во индустриските пазари, со брендови како Persil, Schwarzkopf, Loctite и Pritt. Седиштето е во Дизелдорф, Германија, а вработените бројат 47 000 лица во над 120 земји, повеќе од 17 производни погони и 10 големи центри за истражување и развој ширум светот.
Во јуни 1923 беше остварена првата испорака на лепила од седиштето во Дизелдорф, Германија. Оваа пресвртница го означи раѓањето на едно деловно поле каде Henkel е денес светски лидер, полето на Врзувачки технологии.                       
Интегрален дел од деловниот сектор Лепила и технологии е делот за градежни хемикалии. Со нашите клучни категории: керамички лепила, хидроизолација и термална изолација на домови нудиме широка гама специјални производи и системски решенија кои ги исполнуваат потребите на индустриските и градежните професионалци.                              
Овој сектор постојано расте, и затоа во 1986 Henkel го купи Ceresit, лидер на пазарот на термална изолација и хидроизолација.
Како резултат, Henkel го прошири своето портфолио хемиски производи за да ја изгради и зајакне својата положба во источна Европа, а продолжи со своето проширување во Азија, Блискиот Исток и Јужна Америка. Нашето огромни искуство, знаење, технологии и врвни иновативни производи го помагаат успехот и ефикасноста на нашите клиенти, додека истовремено ги зачувуваат природните ресурси.

Перење и Нега за домот

Повеќе

Козметика и Лична нега

Повеќе

Лепила и технологии

Повеќе