ПРОИЗВОДИ ЗА ТЕРМОИЗОЛАЦИЈА

Henkel нуди систем за топлотна изолација (ETICS) на фасада чиј предност е складноста на сите компоненти. Нашиот Ceresit Ceretherm систем ја оптимизира потрошувачката на енергија, ја намалува вревата и продирањето на влага. Ceresit VISAGE малтерите и боите за фасада стануваат главен декоративен елемент на секоја куќа - сѐ во согласност со Ceresit ETICS системите.

Нашите системи се прилагодени на различни потреби - некои имаат дополнителни својства, како што се брзо поставување или голема отпорност на удари. Што и да изберете, може да бидете убедени дека ќе добиете сигурна и високо квалитетна изолација.