Систем за керамика

Нема лесно поставување плочки. На местото на работа секогаш ќе има бројни компликации. Затоа, Henkel ви овозможува широка палета системи со совршено избрани компоненти кои се справуваат со секоја ситуација - од подготовка на подлога, заштита од влага, до местење плочки и фугирање разни површини и материјали. Благодарение на нашето искуство и развојот на нови технологии, нашите решенија за поставување плочки го вадат најдоброто од материјалот додека истовремено овозможуваат брзо и лесно местење на плочките.