CM 16 Flex флексибилен лепак

Опис

Флексибилно лепило за лепење керамички плочи и плочки на критични површини

Карактеристики

  • Лесно се нанесува на балкони, тераси и трајно влажни простори (домашни + јавни), внатрешни и надворешни
  • За лесно деформирачки и тешки подлоги (особено плочка на плочка, OSB)
  • Отпорно на подно греење
  • Препорачано за земјени, порцелански и камени плочки и изолациски плочи

Прочитајте повеќе

СМ 16 обезбедува флексибилна врзувачка подлога и балансира потисоци на критични подлоги - со тоа е погоден за употреба на греени површини, балкони, тераси и фасади, особено на млад бетон (барем 3 месеци стар).

Документи и Превземања

Чекор по чекор

Подготовка на подлогата

CM 16 се врзува за сите чисти, цврсти, товарни, рамни, суви и влажни подлоги, кои немаат супстанци кои би го попречиле врзувањето. Нерамните површини или дупки треба претходно да се израмнат (види Ceresit производи за подови и производи за завршна внатрешна работа). Слоевите со лоши товарни карактеристики треба да се отстранат. Гипсот/анхидридот или слоевите боја (без варовник, со добро врзување) мора механички да се израпават и да се исчистат од прашина.

Пред нанесувањето на СМ 16 лепилото проверете ја преостанатата влажност на подлогата. Апсорбентните подлоги треба да се премачкаат со Ceresit прајмер.

Проверете го Списокот на технички податоци!

Мешање

Истурете ја содржината на пакувањето во измерената количина чиста, ладна вода и мешајте го со мешалка додека не се постигне хомогена маса без грутки. Потребно е да се почека 5 минути (да созрее) и потоа повторно да се промеша. По потреба внимателно додавајте вода додека не се постигне бараната густина.

Нанесување

Лепилото треба да се нанесува со соодветна назабена глетарка, зависно од големината на плочката. При внатрешна употреба, покриеноста со лепило (контактната површина) треба да е барем 65%. При надворешна употреба, потребна е покриеност од 90% (со комбиниран метод т.е. со додатен тенок слој лепило на задната страна на плочката). Преостанатиот свеж малтер се вади со вода; стврднатиот материјал се вади само механички.

Употребувајте СМ 16 само во суви услови на температури од +5°C до +30°C.