СЕ 43 Grand'Elit флексибилна, ултра-отпорна маса за фугирање

Опис

Водоотпорна маса за фугирање за спојки до 20 mm ширина со зголемен хемиски отпор

Карактеристики

  • За површини со голем механички и хемиски товар
  • "Aquastatic" ефект - отпорна на апсорпција на вода
  • За ѕидови и подови
  • За внатрешна и надворешна употреба (прометни станбени+деловни простории, индустриски простории)
  • За употреба со подно греење
  • За постојано влажни површини (јавни тушеви + базени)
  • За керамички и камени плочки

Прочитајте повеќе

Ceresit CE 43 масата за фугирање има зголемен механички и хемиски отпор, и со тоа е идеална за фугирање керамики на балкони, тераси и греени подови. Благодарение на Aquastatic ефектот капките вода остануваат како перли на површината без да продрат во структурата.

Чекор по чекор

Подготовка и мешање

Лепилото мора да се зацврсне и добро да се исуши и во спојките да нема остатоци или нечистотии.
Истурете ја потребната количина СЕ 43 во кофа со чиста, бистра вода - користете го точниот сооднос на мешање со вода, наведен на пакувањето. Мешајте со електрична мешалка додека не добиете хомогена смеса, без грутки. Оставете да отстои 3 минути, па повторно промешајте.

Нанесување

Нанесете ја масата за фугирање со алат за фугирање на ѕидот или подот така што спојката е целосно исполнета.

Чистење

Откако фугата се зацврснала (проверете со прст), исчистете ја површината со влажен сунѓер и малку вода. Второто чистење правете го со дијагонални движења, со чиста вода.