Содржината на кантата треба внимателно да се промеша. Доколку е потребно, може да додадете мала количина на чиста вода и повторно да промешате за да добиете конзистена смеса. Користете нe'рѓсувачки садови и алати.
CT 60 треба рамномерно да се нанесе на површината во слој со дебелина на гранулација со помош на челична глетарка под агол.
Потоа, со кружни движења треба да се направи хомогена структура и со помош на пластичен алат да се постигне густа, рамна и мазна структура. Не прскајте го малтерот со вода! Работата треба да се заврши на една површина без паузи, користејќи го истиот производ. Доколку има потреба од пауза во работата, користете самолеплива лента на претходно обележаната линија. Потоа, нанесете го малтерот и отстранете ја лентата кога ќе се формира структурата. По паузата, работата треба да продолжи од означеното место ( работ на претходно нанесениот малтер заштитен со самолеплива лента).