СО CERESIT CL 51 HYDRO FOIL EXPRESS
Со Ceresit CL 51 Hydro Foil Express, од хидроизолација до поставување плочки стигнувате за само 2 часа по нанесувањето на вториот слој. Првиот хидроизолациски слој се суши за само 1 час, а вториот е подготвен за продолжување на работите веќе за 2 часа, што го скратува времето на сушење и го забрзува завршувањето на проектот. Благодарение на експресната брзина, сигурната заштита од влага и едноставното, ефикасно нанесување, обезбедува сигурна хидроизолација на влажните простории и непречен тек на работите. Во комбинација со хидроизолациската трака Ceresit CL 152, претставува комплетен систем за сигурна заштита на влажните простории од вода.
Експресна брзина!
*сушење на првиот слој 1 час, подготвено за поставување плочки веќе 2 часа по нанесувањето на вториот слој
Создаден да ви даде повеќе од секое пакување.
Сигурна хидроизолациска заштита за сложени влажни простории.
Подготвен за употреба и лесен за нанесување на начин кој вам ви одговара.
Ceresit CL 51 Hydro Foil Express е сертифициран според стандардите ETAG 022 / EAD за сигурна хидроизолација на внатрешни влажни простории, вклучувајќи бањи, туш кабини и други простории изложени на влага.
Hydro-Block технологијата создава сигурна хидроизолациска бариера. Нејзината флексибилна формула, која премостува пукнатини, ги штити сложените подлоги од влага.
ПРАКТИЧНО НАНЕСУВАЊЕ
- Нанесете со ваљак, четка или глетарка
- Кремаста маса за полесно и рамномерно нанесување
- Формула подготвена за употреба
- Не тече по површината
ФОРМУЛА КОЈА ШТЕДИ ВРЕМЕ
- Вториот слој нанесете го по 1 час
- Со поставување плочки можете да започнете веќе 2 часа по нанесувањето на вториот слој
ЕФИКАСНО РЕШЕНИЕ
- Само 2 слоја се доволни за постигнување на потребната дебелина на сувиот слој
- Мала потрошувачка: околу 1,1 kg/m²
- Покривност до 4,5 m²
ЦЕЛОСНО ВОДОНЕПРОПУСЛИВО
- Користете ја хидроизолациската трака Ceresit CL 152 за дилатациони и рабни споеви
- Поставете ја помеѓу слоевите на мембраната за целосна водонепропусливост
- Обезбедува сигурна хидроизолација на влажните простории
Бетон, OSB или гипс-картонски плочи
Ceresit CT 17, CT 19, CN 94 или R 766
(ПО ПОТРЕБА):
Ceresit CN 69 + основен премаз
Ceresit CL 51 со лента CL 152/CL 89
CM 16 или CM 17
Ceresit CE 40 или CE 60
Ceresit CS 25
- ПОДЛОГА: Бетон, OSB или гипс-картонски плочи
- ОСНОВЕН ПРЕМАЗ: Ceresit CT 17, CT 19, CN 94 или R 766
- САМОНИВЕЛИРАЧКА МАСА (ПО ПОТРЕБА): Ceresit CN 69 + основен премаз
- ХИДРОИЗОЛАЦИЈА: Ceresit CL 51 со лента CL 152/CL 89
- ФЛЕКСИБИЛНО ЛЕПИЛО ЗА ПЛОЧКИ: CM 17, или CM 16
- ФЛЕКСИБИЛНА ФУГА МАСА: Ceresit CE 40 или CE 60
- КЕРАМИЧКИ ПЛОЧКИ
- САНИТАРЕН СИЛИКОН: Ceresit CS 25
Со задоволство ќе ви одговориме на сите ваши прашања во врска со нашите производи, продажни места каде може да ги купите, и кои се најдобри решенија за вашите проекти.