Сончевото зрачење претставува извор на две закани за фасадата:
Тие се создаваат во површинскиот слој на завршните малтери преку фотохемиски процес под влијание на сончевата светлина и штетното UV зрачење што таа го содржи.
Слободните радикали ја разградуваат полимерната врска, која повеќе не е способна да ги задржи пигментите во својата структура.
- Губење на интензитетот на бојата
- Кршливост на завршниот малтер
- Појава на пукнатини и меурчиња
- Одвојување на малтерот од подлогата
- Фасадата станува подложна за развој на алги и габи
Го развивме Ceresit CT 76 како решение за проблемот со деструктивното влијание на сончевото зрачење.
Други завршни малтери по повеќегодишна употреба
Ceresit CT 76 по повеќегодишна употреба
Клучниот елемент на иновативниот завршен малтер е новата UV Protect технологија, базирана на светлосни стабилизатори – UV апсорбери и неутрализатори на слободни радикали. Светлосните стабилизатори ефикасно се борат против слободните радикали и нивното деструктивно влијание врз завршниот слој на производот.
Ceresit CT 76 содржи оптимална комбинација од силикон и еластомерна дисперзија, која обезбедува флексибилност, висока паропропустливост, отпорност и ниска апсорпција на вода.
UV Protect технологијата се базира на UV апсорбери и неутрализатори на слободни радикали, кои се активираат со сончевата енергија и кислородот.
Тие создаваат невидлив штит што го штити завршниот малтер, а со тоа и целата фасада.
Тие го апсорбираат штетното UV зрачење и дејствуваат како филтер за вашата фасада.
Благодарение на UV апсорберите:
- температурата на фасадата е пониска;
- завршниот малтер е заштитен дури и во подлабоките слоеви.
Нивната задача е да ги заштитат фасадите од влијанието на слободните радикали, кои ги разградуваат полимерните врски во структурата на завршниот малтер. Неутрализаторите ги фаќаат и ги деактивираат слободните радикали пред да започне понатамошната реакција што води до деградација на полимерите.
Неутрализаторите на слободни радикали се активираат со присуство на светлина и кислород и придонесуваат за процесот на самообновување на полимерните врски во структурата на завршниот малтер.
Благодарение на неутрализаторите на слободни радикали:
- полимерните врски се заштитени;
- оштетената полимерна матрица се регенерира;
- полимерните врски остануваат цврсти, а - површината на завршниот малтер е запечатена.
Разградување на полимерните врски
Ceresit CT 76 – ефект на самообновување
Долготрајноста на површината е продолжена благодарение на подобрената заштита на полимерните врски од слободните радикали и нивната способност за регенерација.
Подобрена отпорност на бојата при изложеност на светлина и долготрајна стабилност на нијансата, благодарение на заштитата на пигментните честички од UV зрачењето и дејството на слободните радикали.
Проширена палета со 511 природни бои и 36 интензивни бои.
Двојниот механизам овозможува површината на завршниот малтер да се исуши многу брзо и да биде отпорна на задржување на влага.
Заштита од развој на микроорганизми и нивното деструктивно дејство.
Пронајдете инспирација во готовите колорни комбинации.
Со задоволство ќе ви одговориме на сите ваши прашања во врска со нашите производи, продажни места каде може да ги купите, и кои се најдобри решенија за вашите проекти.