Откријте ново ниво на поставување керамика со Ceresit GEL лепилата – напредни решенија создадени да го подобрат вашето работно искуство. Благодарение на иновативната GEL технологија, овие лепила нудат врвна флексибилност, извонредно лепење и исклучителна леснотија при употреба, овозможувајќи секој проект да биде побрз, побезбеден и поефикасен.
Без разлика дали работите со плочки со голем формат или во критични услови, Ceresit GEL лепилата ви овозможуваат контрола и сигурност каква што ви е потребна.
Нанесувањето лепак никогаш не било полесно. Благодарение на кремастата GEL текстура на Ceresit лепакот, тој се нанесува рамномерно и лесно се размачкува со глетарка, овозможувајќи изедначено покривање без грутки.
Подобрената обработливост при нанесување овозможува прецизно поставување на плочки и на нерамни површини. Со нашата ултра - мазна формула, можете да постигнете професионални резултати побрзо и со помал напор – притоа обезбедувајќи посилно и порамномерно лепење по целата површина.
Големите и тешки плочки бараат специјализирани лепила кои можат да издржат зголемена тежина и површина. Ceresit GEL лепилата се создадени да обезбедат извонредна почетна цврстина на лепењето, спречувајќи лизгање на плочките дури и кај плочки со поголеми димензии – до 120 cm со Ceresit CM 16 и до 150 cm со Ceresit CM 17.
Без разлика дали работите со керамички, порцелански или плочки од природен камен, нашите лепила обезбедуваат максимална стабилност и сигурност. Идеални за модерни инсталации на големи плочки на ѕидови и подови, решението на Ceresit нуди сигурност дека секоја плочка ќе остане цврсто на своето место.
Брзината е клучна на современите градилишта – а Ceresit GEL лепилата се дизајнирани да овозможат непречена работа. Благодарение на брзото врзување, овозможен е побрз премин во следната фаза: ѕидовите можат да се фугираат веќе после 8 часа, а подовите после 16 часа.
Тоа не само што го скратува времето на работа, туку и ја подобрува ефикасноста, особено во комерцијални или временски чувствителни услови. Брзото врзување без компромиси во однос на јачината на лепењето значи дека можете да испорачате врвни резултати со поголема брзина.
Изборот на вистинскиот лепак за конкретниот проект е од суштинско значење. Ceresit нуди асортиман на GEL лепила прилагодени на различни потреби – од сѐопфатни решенија за секојдневно поставување плочки до специјализирани производи за XXL плочки и флексибилни подлоги.
Истражете ја нашата понуда подолу и пронајдете го идеалниот производ за вашиот следен проект. Секој производ е комбинација на моќта на GEL технологијата и сигурниот квалитет што Ceresit традиционално го обезбедува.
Со задоволство ќе ви одговориме на сите ваши прашања во врска со нашите производи, продажни места каде може да ги купите, и кои се најдобри решенија за вашите проекти.