Природната убавина на дрвото внесува чувство на топлина и хармонија на секоја фасада, истакнувајќи го нејзиниот уникатен карактер.
Facade Systems ETICS
Фасада. Природа. НОВ дизајн.
Создадете природно впечатливи и уникатни фасади со VISAGE декоративните малтери
Благодарение на долгогодишното искуство во реализација на посакувани фасадни решенија, Ceresit продолжува да ги следи најновите трендови во дизајнот и да одговара на променливите потреби на корисниците. Обновената VISAGE колекција ја спојува безвременската природна естетика со современите иновации, носејќи нови бои, дезени и завршни обработки со атрактивен ретро изглед.
Колекцијата дополнително е проширена со новата категорија TERRA, инспирирана од земјените тонови и текстури кои стануваат сè попопуларни во современата архитектура.
Вашата фасада е повеќе од надворешност на домот – таа е израз на вашиот личен вкус и стил. Таа ја одразува вашата индивидуалност и елементите со кои се поистоветувате, правејќи ги суштински дел од карактерот на вашиот дом.
Со VISAGE декоративните малтери, инспирирани од убавината на природата, можете да внесете безвременски природни елементи и да создадете дом што вистински ве отсликува. Овие иновативни решенија лесно се вклопуваат во современите архитектонски трендови, нудејќи совршен баланс помеѓу естетиката и функционалноста.
Инспирирани од природните материјали, VISAGE декоративните малтери и бои нудат долготрајно, современо и лесно одржливо решение за остварување на вашата визија. Без разлика дали ве привлекува топлината на дрвото, елеганцијата на каменот, индустрискиот изглед на бетонот, класичниот изглед на циглата или земјените тонови, Ceresit го нуди совршениот избор за вашата фасада.
Со задоволство ќе ви одговориме на сите ваши прашања во врска со нашите производи, продажни места каде може да ги купите, и кои се најдобри решенија за вашите проекти.