Бои за фасада
CERESIT CT 48
SILICONE SELF CLEAN
Силиконска боја за фасади и ентериери
-
Висока водоодбивност и паропропусност
-
Висока отпорност на временски услови и UV зраци
-
Висок степен на самочистење
- Опис
- Упатство за користење
- Често поставувани прашања
CERESIT® CT 48 е силиконска боја, водоодбивна и паропропусна боја наменета за заштита на фасада, бетонски структури и ентериер. Може да се нанесува на минерални површини (бетон, цементен малтер, цементно-кречни малтери, кречни малтери). Структурата на премазот обезбедува брзо испарување на влагата од подлогата. Достапно пакување: канта 15l
-
Висока водоодбивност и паропропусност
-
Висока отпорност на временски услови и UV зраци
-
Висок степен на самочистење
-
Достапен во нијансите на Ceresit Colors of Nature палетата на бои
CERESIT CT 48 се користи за заштита на фасада, бетонски конструкции и ентериери. CT 48 може да се користи за фарбање на акрилните малтери CERESIT CT 60, CT 64, силиконските малтери CERESIT CT 74, CT 75 кои се нанесуваат на традиционалните подлоги во рамки на CERESIT ETICS системот со примена на EPS плочи.
CERESIT CT 48 може да се нанесува на минерални подлоги: бетон, цементен малтер, кречно-цементен малтер и кречен малтер.
CERESIT CT 48 е присутен во CERESIT Ceretherm SELF CLEAN системот.