ДОБРЕДОЈДОВТЕ ДОМА

Сигурниот дом е од витална важност за прекинување на циклусот на сиромаштија и поставување на темели за изградба на подобар живот. Благодарение на финансиската поддршка од Фондацијата Fric Henkel, ги поддржуваме семејствата на кои им е потребно реновирање на куќи, училишта или населби.

Oд нашиот прв волонтерски проект во 2016 година го постигнавме следново:

  • 15 проекти
  • 10 земји
  • Повеќе од 750 волонтерски денови на вработените во Henkel
  • Учество на повеќе од 350 вработени во Henkel
  • Реновирани домови на неколку илјади семејства ширум светот

НАМАЛУВАЊЕ НА ШТЕТНИТЕ МАТЕРИИ

Здравјето и благостојбата на нашите мајстори и на сопствениците на куќите ни се важни. Ние се грижиме да бидат безбедни кога ги користат нашите производи според намената истите да бидат во согласност со релевантните прописи. Во Ceresit превземаме одговорност за проактивно идентификување и замена на штетните материјали во нашите производи и работиме на развој на нови технологии, безбедност при возење и транспарентност во синџирот на вредности. Преку нашите решенија со ниска содржина на волатилни органски соединенија и малото количество на прашина, постојано ги развиваме производите за подобрување на здравје и безбедност. Ceresit се стреми да обезбеди најдобри перформанси на најбезбеден можен начин. 

МНОГУ НИСКИ ЕМИСИОНИ ПРОИЗВОДИ

Ниски емисии. Посигурно внатрешно окружување.

Што се емисии?
Eмисии се испуштање на гасови - загадувачи во животната средина. Во внатрешната атмосфера воглавно потекнуваат од свежо нанесени лакови и бои, лепливи системи за изолација и друг градежен материјал. Најизразени се веднаш по нанесувањето на одредени производи, но можат со месеци да останат во воздухот по вградување. Мисиите се дефинирани како „волатилни органски соединенија“ (VOC).

EC 1 сертификат, Сигурност во домот

Изберете сигурни производи со ниски емисии. Решение за заштита на нечие здравје и благосостојба е барањето на производи со мало влијание на безбедноста на воздухот во затвоен простор. Стандардизираното означување EMICODE Ви овозможува да ги препознаете таквите производи и да донесувате свесни одлуки за купување кои не се штетни по здравјето.