Совети за поставување плочки

КАКО ДА ПОСТАВИТЕ ПЛОЧКИ ВО БАЊА: ЗАШТИТА НА СЕКОЈ СЛОЈ

Знаењето како да поставите плочки за бања не гарантира оптимални услови. Правилната комбинација на производи е исто толку важна како и техниката на инсталацијата. Ви нудиме информации за врвни производи и техники.

Бања обложена со керамика со голем формат

Како да поставите плочки во бањата: Подготовка на подлогата

Пред да започнете со обложување, неопходно е да ја хидоизолирате бањата. За најдобри резултати, користете го Ceresit системот за хидроизолација кој се поставува под плочките.

Нанесување на прв слој хидроизолација со четка
  1. Премачкајте ја чистата, сува и апсорбентна површина со CT 17 прајмер. Нанесете го прајмерот со четка без да создадете локви.Оставете да се осуши 4 часа.
  2. Со четка нанесете слој од хидроизолацискиот премаз CL 51 Express. Започнете од подрачјата со поден сифон, местата каде што влегуваат цевки, спојниците и аглите.
  3. Поставете ги потребните ленти за заптивање на спојките. Ви ја препорачуваме CL 152 лента за заптивање.
  4. Со четка или ваљак рамномерно премачкајте ги ѕидовите и подот со хидроизолациониот премаз CL 51 Express.
  5. По нанесувањето на првиот слој на хидроизолациониот премаз CL 51 Express, вториот слој се нанесува откако ќе се исуши првиот слој.
  6. Вкупната дебелина на двата слоја треба да биде од 1 до 1,5 мм.
  7. Почекајте околу 4 часа пред да нанесете лепило за плочки.

Како да поставите плочки со флексибилно лепило Ceresit CM 17 

За лепење плочки на воодоотпорна подлога користете CM 17 , ултра силно и флексибилно лепило за плочки збогатено со технологијата Fiber Force. Се препорачува за лепење плочки на површини со подно греење, фасади, тераси, балкони и во базени.

Еве како да поплочите бања со Ceresit CM 17:

  1. Измешајте го лепилото за плочки CM 17 со измерена количина ладна вода и мешајте додека не се изедначи смесата.
  2. Почекајте 5 минути па повторно измешајте.
  3. Нанесете го лепилото со назабена глетарка, почнувајќи од ѕидовите.
  4. Поставете ги плочките на слојот од лепилото.
  5. Цврсто притиснете ги плочките на подлогата.
  6. Плочките мора да се постават на лепилото во период на отворено време за лепење. По отвореното време, лепилото ќе почне да се стврднува.
Поставување плочки на под

Како да се фугира керамиката со Ceresit CE 40 смеса за фугирање

За фугирање во јавни или приватни бањи, CE 40 масата за фугирање е најдобар избор. Отпорна е на мувла и пукнатини, флексибилна и долготрајна благодарение на својата технолошка напредна формула. Може да се користи и во внатрешни простори и надвор, во кујни, тушеви и на повеќе површини (порцелански плочки, керамика, стакло, мермер и природен камен).

Чекори што треба да се следат:

  1. Започнете со фугирање откако лепилото за плочки CM 17 целосно ќе се исуши.
  2. Измешајте CE 40 фуг маса со измерена количина чиста вода и мешајте додека не се изедначи. По три минути повторно измешајте.
  3. Нанесете ја масата за фугирање со глетарка, целосно пополнувајќи го спојот.
  4. Оставете ја фуг масата да се стврдне. Времето на стврднување варира во зависност од ширината и длабочината на спојницата, температурата и абсорбирачките својства на плочките.
  5. Отстранете го вишокот на смесата со чист и влажен сунѓер.
  6. Следниот ден на ист начин измијте ги плочките.
  7. Запечатете ги фугите со санитарен силикон CS 25.
  • За детални информации, прочитајте го техничкиот лист на производот.
  • Фуг масите може да бидат изложени на вода после 24 часа. Во првите 7 дена од нанесувањето, чистете само со вода без средства за чистење. Фуг масата ја стекнува целосно својата водоодбивност 7 дена после нанесувањето.
Нанесување фуг маса

ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ