Подготвени за успех

ПРАЈМЕР, ХЕРОЈ ПОД ОБЛОГАТА

Премазите за ѕидови и подови, познати и како прајмери, се суштински компоненти во многу градежни проекти. Читајте понатака за да дознаете зошто овие прајмери се маскирани суперхерои.

Нанесување на прајмер со четка

За што служат  прајмерите?

Прајмери за ѕид и под помагаат во правилната подготовка на подлогите, ја намалуваат апсорпцијата и ја подобруваат адхезијата. Површините на кои е нанесен прајмер имаат соодветна структура и состав на површината.

Како се користат прајмерите

Ставање на прајмерот е еден од најлесните чекори во вашиот проект. Потребни ви се правилни алатки (ваљак/четка, канта и миксер), заштитна опрема (заштитни наочари и ракавици) и малку трпение.

  1. Заштитете се. Ставете ги ракавиците и заштитните наочари и работете во добро проветрен простор.
  2. Подгответе ја подлогата. Подлогата мора да биде сува, чиста и стабилна. Според видот на прајмерот, постојат оние кои се користат на апсорбирачки подлоги, и оние кои се користат на неапсорбирачки подлоги. Прочитајте повеќе информации за типот на прајмерот во техничкиот лист на избраниот производ.
  3. Промешајте го прајмерот. Протресете го садот или измешајте го производот.
  4. Разредете го прајмерот во сад за матење, по потреба. Разредувањето е неопходно доколку прајмерот се нанесува на високо впивачки подлоги. Техничкиот лист на производот ги содржи потребните информации за соодветните соодноси на разредување и дали подлогата е погодна за разредување и нанесување на последователни неразредени слоеви.
  5. Нанесете го прајмерот. Користете ваљак или четка за рамномерно нанесување на производот. Зависно од проектот, може да бидат потребни неколку фази. Некои прајмери малку ја менуваат бојата на подлогата, со што грундираните површини се очигледни.
  6. Оставете го прајмерот да се исуши. Прочитајте го техничкиот лист на производот за подетални информации за тоа колку долго трае овој процес и дали можете да започнете да работите друга работа.
  7. Дали е доволно? Ако подлогата сеуште многу впива и откако ќе се исуши прајмерот, нанесете уште еден слој.
  8. Чистење. Исчистете ги алатот и свежите дамки со чиста вода.

Избор на соодветен прајмер

При избор на прајмер, земете ги во предвид материјалот, порозноста и локацијата каде се наоѓа подлогата (на отворено, или затворено). Некои прајмери за надворешни ѕидови имаат одлични перформанси на бетон и други подлоги. За внатрешни проекти, изберете го соодветниот прајмер.

Пред кречење, поставување на плочки или тапети, задолжително нанесете прајмер. За различни проекти изберете го универзалниот производ како што е CT 17. Може да се користи за внатрешна и надворешна употреба. Подлогите обложени со овој прајмер помалку впиваат, а може да се користи на малтер, гипсани плочи, бетон, естрих и слични впивачки подлоги.

CT 17 PROFI е прајмер со длабока пенетрација за сите впивачки подлоги и е погоден за поставување плочки и други слоеви како што се топлинска изолација, подови и слично.

ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ