CR166 Флексибилна маса

Опис

Двокомпонентен флексибилен хидроизолациски премаз. Минерална дисперзија во вид на флексибилен премаз за хидроизолација на конструкции и градежни елементи.

Карактеристики

  • Исклучително водоотпорен
  • Брзо нанесување
  • Способност за премостување пукнатини дури и при ниски температури
  • Збогатен со влакна
  • Отпорен на временски влијанија и мраз
  • UV отпорен
  • Намалена прашина
  • Компатабилен со заптивна трака
  • Може да се нанесува со четка, вањак, глетарка или механички распрскувач
  • Ги штити армираните и стандардни бетонски конструкции

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Ceresit CR 166 е двокомпонентен флексибилен премаз, збогатен со влакна и дизајниран за хидроизолација и изолација од влага на деформабилно и недеформабилни минерални подлоги - погоден е за внатрешна и надворешна употреба на ѕидови, подови и плафони.

Флексибилност на Ceresit CR 166 FLEXIBLE 2-K овозможува премостување на пукнатини со ширина  ≥ 0,75 mm - дури и во ладни услови. 

Може да се нанесува на балкони и тераси (вклучувајќи и конзулни типови), трајни и привремени влажни простории, базени, како и на ѕидови и подови како хидроизолациски слој кој се користи под подлогата поврзани со лепак за плочки. Истотака може да се користи за хидроизолација и бетонска заштита на конструкции под нивото на земјата (ѕидови, подруми, темели и сл.), резервоари за вода, вклучувајќи вода за пиење, комунални системи за пречистувања на отпадни води и септички јами.

Ceresit CR 166 FLEXIBLE 2-K премазот го одложува процесот на корбонизација и обезбедува ефикасна заштита од корозија за бетонско/армирано-бетонски земјени и водени конструкции (пр. гаража, столбови, мостови) од тешки атмосферски услови и агресивни супстанци растворени во вода (пр. сло за одмрзнување, морска вода). UV отпорен. Ниска емисија на CO2. Докажана непропусност.

Ceresit CR 166 FLEXIBLE 2-K флексибилниот премаз е дел од асортиманот на Ceresit цементни производи со Hydroslide ефект.

KORAK PO KORAK

1. Навлажнете ја минералната подлога која претходно ја проверивте и исчистивте од прашина и слаби делови од материјалот

2. Подгответе ги компонентите: прав - 24 kg (компонента А) и течност 8 l (компонента Б)

3. Истурете ја компонентата Б во канта (додајте 25% вода за прв контактен слој)

4. Додадете ја компонентата А во соодветен однос

5. Мешајте додека не добиете хомогена смеса, потоа оставете го премазот да отстои 5 минути и повторно кратко промешајте

6. Нанесете го првиот слој CR 166 со четка

7. Прицврстете со трака (пр. CL 152) во свеж прв слој на местата на дилатациони споеви, внатрешни агли или споеви помеѓу различни видови материјали

8. Потребно е конзистентноста на материјалот да биде прилагодена на соодветен алат за нанесување

9. Се препорачува следниот слој на CR 166 да се нанесе со глетарка или ваљак

10. Кога се прави изолација на голема површина, можно е нанесување на CR 166 со механички распрскувач

11. Последен чекор - измазнете ја површината со глетарка

12. Површината е подготвена за поставување плочки минимум 12 часа после нанесување на премазот. Промена на бојата на премазот укажува на сушење.