CT 54 Силикатна боја

Опис

Хидрофобна, паропропусна боја за внатрешна и надворешнa употреба

Карактеристики

  • Паропропусна
  • Отпорна на оптеретувања и нечистотија
  • Отпорна на временски услови
  • Стабилност на боја
  • BioProtect формула - отпорна на мувли, габи и алги
  • Достапна во сите нијанси од палетата Ceresit Colours of Nature®

Прочитајте повеќе

Ceresit CT 54 може да се користи внатре и надвор, на ѕидови и тавани. Може да се нанесува на минерални подлоги (бетонски и цементни малтери или вар). По нанесувањето бојата создава трајна врска со подлогата, благодарение на хемиски реакции. Се препорачува за користење на нови малтери, затоа што може веднаш да се почне со боење без можност алкалните реакции да ја уништат подлогата односно бојата. Може да се користи за боење на Ceresit: CT 34, CT 35 и CT 137 минерални малтери, Ceresit: CT 72, CT 73 силикатни малтери, Ceresit: CT 174, CT 175 силикатно силиконски малтери,  на традиционални подлоги и во рамки на Ceresit ETICS термоизолациски системи.  Имајќи ја во предвид отпорноста на оган и паропропусноста, CT 54 се препорачува да се користи при Ceresit WM системи, каде што изолациски материјали се табли од минерална волна. Изложеноста на фасадата на сонце предизвикува опасни оптеретувања, затоа темните бои треба да се користат само на мали области, на пр. архитектонски детали. Да не се користи на акрилни и неминерални подлоги. Формулата BioProtect обезбедува ефикасна и издржлива заштита на фасадата од биолошки паразити, на пр. габа, мувла и алги.