Спа и базени

Потребно е стручно знаење за да се исполнат сите стандарди за спа простории, како и екстремни задачи како базени, со постојан воден притисок одвнатре. Ова влијае врз техничкиот дизајн, како и секако врз професионалната хидроизолација и инсталација на керамички и камени плочки, и бара детално планирање: стандарди и услови, класа на изложеност на влага, конструкција на базенот, подготовки и чистење итн. Ceresit го поддржува планирањето и изведбата со сеопфатна гама на производи и детални брошури - решенија кои нудат највисока безбедност за сопственици на градби, архитекти и мајстори.

Чекор по чекор

Чекор 1

Подготовка на подлогата
 

Пред почнување со поставување плочки во базени, потребна е хемиска анализа на водата за да се утврди типот на вода кој ќе се користи во базенот (термална, солена или морска) за да се одреди типот на градежни материјали. Мора да се одреди положбата и димензиите на разните спојки и неизбежните спојки мора да се запечатат. Важно е хидроизолациските мерки да се засновани врз претходно дефинираните класи на изложеност на влага. Пред преземање понатамошни чекори, проверете дали подлогата е доволно сува.

Чекор 2

Хидроизолација
 

При хидроизолирање базени, клучно е да е во согласност со регулативите за изградба на базени. Производите треба да имаат потврда за соодветност издадена од градежните власти. Алтернативно, може да се побара Европско Техничко Одобрение (ETA). Ceresit нуди сертифицирани системи за водоотпорни производи за употреба под керамички плочки врзани со лепила - докажан успех за хидроизолација на бетонски базени.

Чекор 3

Поставување плочки
 

При изградба на базени, голем дел од работата зависи од изборот на материјали. Ова важи особено при хидроизолациските системи и производите за поставување плочки, кои треба да имаат сертификат од градежните власти или ЕТА. Ceresit гарантира безбедни и висококвалитетни овластени системи и решенија кои ги исполнуваат сите услови - за самиот базен, влажните простории, како и сувите простории.