Техничка стручност

Обемното истражување и развој во Henkel придонесуваат кон постојан тек на иновативни производи и системски решенија градени врз нови технологии. Со цел да ве снабдуваме со врвен квалитет на најдобар можен начин,  тимови посветени на водење на проекти обезбедуваат поддршка од фазата на дизајнирање до конечната изведба на проектот на лице место.  Со оглед на тоа дека познавањето на нашите производи и решенија се клуч за успехот за секој проект, нудиме и тренинзи за пренесување на знаење преку нашите тренинг центри низ светот. Па така, Henkel се стреми да ја пренесе на своите потрошувачи силата што ја црпи од богатството на своето знаење.