Малтери за термоизолација
CERESIT CT 175
SILICATE-SILICONE AQUASTATIC
Силикатно-силиконски завршен малтер со рустикална структура, збогатен со влакна
-
Fiber Force влакна – спречуваат појава на микропукнатини
-
Отпорен на нечистотии и механички оштетувања
-
Достапен во нијансите од палетата Ceresit Colors of Nature
- Опис
- Упатство за користење
- Често поставувани прашања
CERESIT® CT 175 е силикатно-силиконски декоративен тенкослоен малтер со рустикална структура, збогатен со влакна, наменет за надворешно и внатрешно малтерисување на објекти. Достапен е со гранулација од 2 mm. Се применува во термоизолациски системи, на бетонски површини, стари малтери, иверица, гипс-картонски плочи и други слични подлоги. Малтерот е изработен со Double Dry технологија, која обезбедува подобра отпорност на влага и нечистотии.
Достапно пакување: пластична канта од 25 kg.
-
Fiber Force влакна – спречуваат појава на микропукнатини
-
Отпорен на нечистотии и механички оштетувања
-
Достапен во нијансите од палетата Ceresit Colors of Nature
-
Ниска водовпивливост
-
Отпорен на сите временски услови
-
BioProtect формула – заштита од развој на алги, мов и габи
CT 175 се користи за изработка на тенкослоен малтер во изолациските системи. Се препорачува како фасаден малтер во рамки на CERESIT Ceretherm ETICS со нанесување на EPS плочи и минерална волна. CT 175 малтерот се препорачува за нанесување на надворешни ѕидови каде што е потребна висока лепливост, со многу ниска апсорпција на вода и висока отпорност на нечистотија.
CERESIT CT 175 може да се нанесува на бетонски подлоги, традиционални малтери, гипсани подлоги и иверици, гипс картони итн.
CERESIT CT 175 е присутен во CERESIT Ceretherm AQUASTATIC системот.