Флексибилна цементна хидроизолација
CERESIT CR 166
FLEXIBLE 2-K
Двокомпонентен флексибилен хидроизолациски премаз
-
Исклучително водоотпорен
-
Брзо поставување
-
Способност за премостување пукнатини
- Опис
- Упатство за користење
- Често поставувани прашања
CERESIT® CR 166 е двокомпонентен флексибилен премаз збогатен со влакна кој е погоден за хидроизолација и изолација од влага на деформабилни и недеформабилни минерални подлоги - погоден е за внатрешна и надворешна употреба на ѕидови, подови и плафони. Достапни пакувања: вреќа (24kg) + канистер (8kg)
-
Исклучително водоотпорен
-
Брзо поставување
-
Способност за премостување пукнатини
-
Збогатен со влакна
-
Отпорен на временски влијанија и мраз
CERESIT CR 166 е двокомпонентен флексибилен премаз, збогатен со влакна и предвиден за хидроизолација и изолација од влага на деформабилни и недеформабилни минерални подлоги - погоден е за внатрешна и надворешна употреба на ѕидови, подови и плафони. Флексибилноста на Ceresit CR 166 овозможува премостување на пукнатини со ширина ≥ 0,75 mm – дури и при ниски температури.
CERESIT CR 166 може да се нанесе на следните минерални подлоги кои се рамномерни, цврсти, носиви, чисти, без пукнатини и супстанци кои може да влијаат на лепењето,( на пример масти, битумен или прашина), бетон (постар од 28 дена), цементни, гипасни и композитни кошулици (постари од 28 дена), брзозацврстувачки малтер за кошулици CERESIT CN 87 (стар минимум 3 дена), ѕидови од керамички цигли, вдлабнати и бетонски блокови со фуги (преку 28 дена), цементно-влакнасти плочи, гипс, OSB и иверици, метал и челик (со соодветена антикорозивна заштита), епоксидни премази и стари плочки (само за затворени простории).
Секогаш придржувајте се до општо познатите правила за хидроизолациската технологија и важечките национални стандарди. Измешан материјал мора да се искористи во рок од 60 минути. Ако за тој период материјалот се стврднува, се препрачува повремено мешање. Не додавајте дополнителна количина на вода или течност. Во случај на нанесување со ваљак, користете ваљак од најлонска структура за нанесување на дебел материјал (пр. за завршни слоеви). Пред завршување на работните активности, потребно е да проверите дали на подлогата е нанесена потребната дебелина на Ceresit CR 166 – минимална конечна дебелина на слој е 2 mm. Работите треба да се изведуваат при температура помеѓу +5°C и +30°C и влажност на воздухот под 80%.