Премази - специјална течност
CERESIT CP 30
PASTA AQUABLOCK
Силиконски хидроизолациски премаз за рамни кровови
-
UV отпорен и отпорен на временски услови
-
Трајно флексибилен при ниски температури
-
Едноставно нанесување со четка, ваљак или спреј
- Опис
- Упатство за користење
- Често поставувани прашања
CERESIT® CP 30 е еднокомпонентен силиконски хидроизолациски премаз за брзи поправки на рамни и коси кровови како и за трајна хидроизолација на рамни кровови како завршен слој. Погоден е за минерални подлоги на пр. бетон, кошулица, фибер цементни плочи, кровен цреп, битуменска подлога (кровни мембрани и премази), акрилни кровни премази, метални премази (бакар, цинк, алуминиум, не'рѓсувачки челик, месинг), пластика (врска со вентилациски цевки, одводи или оквирни светларници) термоизолациски слоеви и дрвени материјали. Достапно пакување: канта 5kg
-
UV отпорен и отпорен на временски услови
-
Трајно флексибилен при ниски температури
-
Едноставно нанесување со четка, ваљак или спреј
-
Едноставно чистење на алат со вода
-
Водонепропусен и паропропусен
CERESIT CP 30 Aquablock е емулзија од силиконска гума подготвена за употреба, без разредувач, за едноставна повшинска заштита без пукнатина и хидроизолација на кровни површини. Сертифициран е како хидроизолациски премаз во согласност со ETAG 005. Посебно е погоден за реконструкција и санација на течење на споеви на кровни површини и цевни инсталации. CERESIT CP 30 Aquablock премазот е исто така погоден за рамни кровови ако се користи во дебелина од најмалку 2 mm сув нанос.
CERESIT CP 30 Aquablock може да се користи за впивливи подлоги како што се:
- Mинерелните подлоги (на пример бетон, кошулица, влакнесто-цементни плочи),
- Битуменски подлоги (на пример кровни мембрани и премази),
- Акрилни кровни премази,
- Метали (на пример бакар, алуминиум, челик, месинг)
- Пластики (на пример приклучоци на вентилни цевки, одводи или рамки на светларници),
- Термоизолациски споеви направени од PUR или EPS, дрвени материјали.
- Дрвени материјали (на пр. цврсто дрво, OSB, иверица.
Користете го CERESIT CP 30 Aquablock премазот само при суви временски услови со температура на материјалот и воздухот од +10°C до +30°C и под 75% релативна влажност на воздухот. Температура на подлогата треба да биде помеѓу +5°C и +50°C. Кога работите на ладно време, водете сметка температурата на подлогата да биде најмалку 3°C над горе наведената температура, во спротивно ќе се формира меѓусобен слој на влага.