- За зајакнување на впивачки подлоги
- Ја намалува водовпивливоста
- Ја зајакнува подлогата и го зголемува лепењето на подлогата
-
За зајакнување на впивачки подлоги
-
Ја намалува водовпивливоста
-
Ја зајакнува подлогата и го зголемува лепењето на подлогата
-
Паропропусен
CERESIT® CT 17 е основен премаз за ѕид и под за врзување на слаби честички прашина и зголемување на водоодбивноста на глет маса, гипс-картон плочи, и влакнести плочи, анхидрантни подлоги, високо апсорбирачки малтери или цементни подлоги, природни или вештачки подови како и бетонски подлоги. Се применува во внатрешни и надворешни простори со фокус на лепење тапети, нанесување глет маса, боја или вградување на термоизолација, како и за лепење керамички плочки и излевање подови. Достапни пакувања: Шише од 2 l, пластична канта од 5 l и 10 l.
Подлогите премачкани со CERESIT CT 17 основниот премаз мора да бидат суви, носиви и без супстанци кои ја намалуваат адхезијата: маснотии, битумен, прашина итн. Сите нечистотии и слоеви со слаба цврстина треба да се отстранат. Ова се однесува и на постоечките бои, кои мора да се истругаат и исчистат со вода.
Протресете го пакување на CERESIT CT 17 неколку пати. Во случај на лепење на керамички плочки на цементна и цементно-кречна подлога, со работа може да се започне дури 15 минути по нанесување на основниот премаз.
Нанесете основен премаз на подлогата со четка или ваљак. Нанесете ги следните слоеви од CERESIT CT 17 без разредување со методот 'мокро на мокро'. Во случај на нанесување премаз на подлогата пред фарбање, CT 17 може да се разреди со вода. Ако и по сушењето на формулацијата, подлогата и понатаму впива, процедурата мора да се повтори.
CERESIT CT 17 е прајмер за сите впивачки подлоги кои длабоко продираат и брзо се суши. CT 17 се користи за грундирање под керамички плочки на минерални подлоги, под самонивелирачки маси и термоизолација. CT 17 е совршен за внатрешна и надворешна употреба за зајакнување на површината на подлогата.
CERESIT CT 17 е дизајниран за грундирање на подлоги (ѕидови, подови, плафони) внатре и надовор од згради, пред поставуање на керамички плочки и излевање на подови, лепење подни облоги, глетување, фарбање или вградување на термоизоација. Подлоги премачкани со CT 17 може да бидат сите типови на малтер, бетон, кошулица, подлоги со инсталација на подно греење.
Работите изведувајте ги при температура на околината и подлогата од +5°C до +25°C и влажност на воздухот под 80%.