Специјални малтери
CERESIT CX 5
EXPRESS
Брзоврзувачки репаратурен малтер
-
Цврсто врзува после 5 минути
-
Голема сила
-
Без собирање
- Опис
- Упатство за користење
- Често поставувани прашања
CERESIT® CX 5 Express е брзоврзувачки цемент за внатрешна и надворешна употреба за брзо зацврстување, поставување и привремено заптивање на течење вода. Погоден е за било каков вид на бетон, цементен малтер, ѕидови од цигли и кошулици, пр. типли, куки, различни елементи, шарки, елементи за електрична инсталација, аголни летви, елементи за монтажа. Се применува за брзо исполнување на отвори за склопување, мали неправилности во точки за врзување и челични елементи. Достапно пакување: Вреќа од 5 kg
-
Цврсто врзува после 5 минути
-
Голема сила
-
Без собирање
-
Отпорен на вода и мраз
CERESIT CX 5 EXPRESS може да се користи внатре и надвор - побрзо се врзува дури и при ниски температури. Отпорен е на вода и мраз. За хоризонтални и вертикални подлоги – соодветна конзистенција во двата случаи. Не предизвикува корозија на металните елементи. CX 5 брзоврзувачкиот цемент може да се користи во суви и влажни услови.
CERESIT CX 5 EXPRESS брзоврзувачкиот цемент се користи на компактни, носиви и чисти подлоги без супстанци кои ја намалуваат адхезијата, како што се маст, битумен, прашина. Подлогата треба да се навлажни со доволно вода без создавање меурчиња. За анкерсирање треба да се искове или избуши отвор за соодветен пречник. Растојанието меѓу анкер елементот и подлогата на монтажната дупка не треба да биде поголемо од 20 mm.
Ако материјалот дојде во контакт со очи, темелно измијте со вода и побарајте совет од лекар. Во случај на монтажа на елементи од камен чувствителни на промена на боја, потребно е да се спроведат сопствени тестови за да се провери дали малтерот ќе ја промени бојата на елементот.