CE 89 ULTRAEPOXY PREMIUM

Опис

Двокомпонентна, хемиски отпорна епоксидна фуг маса за плочки и мозаик со ширина на споеви од 1 до 15mm. Совршена за мозаик и ексклузивни локации.

Карактеристики

  • Отпорна на UV зраци и лоши временски услови
  • Стабилни бои
  • Лесна апликација и чистење
  • Без промена на бојата на пигментот и без пукнатини
  • Одлична хемиска и механичка отпорност 
  • Соодветна за простории за производство на храна
  • Достапна во 13 нијанси

Прочитајте повеќе

Ceresit CE 89 UltraEpoxy Premium со Quartz Power технологијата обезбедува лесна апликација, силна врска и екстремна отпорност. Соодветна за фугирање на подови, и ѕидни плочки, базени и хамами. Се препорачува за тераси и балкони, кујнски плотни, а соодветна е и за простории за производство на храна и вода за пиење.

 

Благодарение на Quartz Power технологијата, фуг масата е мазна, со кремаста конзистенција и може да се нанесе брзо, ефикасно и со малку напор.

 

Ceresit CE 89 UltraEpoxy Premium е достапна во 13 нијанси а може да се измеша и со 4 вида на адитиви и да се создадат неверојатни специјални ефекти на фуга: CE52 Silver Dust, CE 53 Silver Glow, CE 54 Gold и  CE 55 Neon*. Може да се измеша со сите достапни  нијанси на CE 89. CE 55  Neon* може да се измеша со Pearl Gray, Jasmine, Toffi, Saphire Blue and Moonstone Blue.

CE 89 ULTRAEPOXY ДОСТАПНИ БОИ

ВАЖНО: Додадете ја точната количина на вода наведена на пакувањето и измијте ги плочките откако ќе се стврдне масата за фугирање за да избегнете промена на бојата. Бојата на масата за фугирање на екранот, како и бојата на налепницата на кантата, може да се разликуваат од вистинската боја по нанесувањето, па затоа треба да се гледаат информативно. За конечниот избор на маса за фугирање, препорачуваме да ја користите тон картата на продажното место. 

КАЛКУЛАТОР ЗА ПОТРОШУВАЧКА НА ФУГА

1 Димензии на плочки

cm
cm
mm
mm

2 Површина

0 100

ПРОЕКТ:

  • Површина

     

ПОТРЕБНО ВИ Е:

    Чекор по чекор

    ЧЕКОР 1 - МЕШАЊЕ

    Содржината на компонента Б истурете ја во компонента А (смола) и мешајте со миксер со мала брзина се додека не добиете хомогена смеса без грутки.

    ЧЕКОР 2 - НАНЕСУВАЊЕ КАКО ЛЕПАК ЗА ПЛОЧКИ

    Ceresit ULTRAEPOXY се истура директно од кантата и се нанесува со назабена глетарка, едноставно како малтер.

    ЧЕКОР 3 - НАНЕСУВАЊЕ КАКО ФУГ МАСА

    Нанесете ја фугата врз чистите суви споеви. Бидете сигурни дека споевите се целосно исполнети. Потоа отстранете го вишокот материјал бришејќи дијагонално од површината на плочката.

    ЧЕКОР 4 - ЧИСТЕЊЕ

    Остатоците и дамките од фугата треба да се исчистат додека се сеуште свежи. Користете влажна крпа и вода.

    ЧЕКОР 5 - ЧИСТЕЊЕ СО EPOXYCLEAN

    За полесно отстранување на остатоците и дамките, 24 часа по нанесување на Ceresit ULTRAEPOXY, користете Ceresit CE 51 Epoxy Clean како специјален чистач.