CL 51 Express 1-K хидроизолациски премаз

Опис

Флексибилен еднокомпонентен хидроизолациски премаз за употреба под плочки и плочи во домашни простории.

Карактеристики

  • Одобрен од градежната надзорна власт A1
  • Водоотпорен
  • Бргу се суши
  • За затворање пукнатини
  • За внатрешна употреба
  • За подови и ѕидови

Прочитајте повеќе

CL 51 еднокомпонентниот хидроизолациски премаз цврсто и целосно пополнува пукнатини и простори под керамички плочки во влажни внатрешни простории (на пр. во приватни тоалети, бањи, кујни). При подни конструкции со изолациони слоеви, CL 51 се нанесува директно на товарниот слој (цементот). Погоден и за греен цемент.

Чекор по чекор

Подготовка

Подлогата треба да е сува, цврста, товарна, димензионално стабилна и чиста, без супстанци кои би предизвикале одвојување (на пр. хемиски агенси, честички, прашина, никулци, нечистотии). По потреба премачкајте ги со СТ 17, СТ 19 или СN 94. Разгледајте го Списокот со технички податоци!

Нанесување - прв слој

CL 51 се нанесува неразреден со валјак, четка или мистрија. Потребни се барем 2 премачкувања со дебелина од 0.5 mm (проверете ги локалните регулативи за минимална дебелина) за да се добие водоотпорен заштитен слој. Пукнатините мора да се заштитат со CL 152 затнувачка лента, за ѕидни спојки и подни одводи користете Ceresit крагњи за изолирање ѕидови и подови. Лентата или крагњата се става во првиот слој и се прицврстува со вториот заштитен слој.

Нанесување - втор слој

По околу 2 часа, вториот слој CL 51 може да се нанесе. По отприлика 4 часа по нанесувањето на вториот слој, површината е подготвена за покривање со цертифицирано лепило, на пр. CM 29 или CM 17.