CN 94 основен прајмер

Опис

Специјален основен прајмер за впивачки и невпивачки подлоги

Карактеристики

  • За критични површини
  • За впивачки и невпивачки површини
  • Голема сила на лепење
  • Брзо сушење
  • Брзо зајакнување
  • Ефект на импрегнација
  • Се препорачува за  OSB табли и керамички плочки
  • Може да се разредува со вода 1:3
  • Одличен за вертикални површини

Прочитајте повеќе

Специјален прајмер за сигурна врска помеѓу самонивелирачка маса / кошулица за израмнување на подот и керамичките облоги или природните камења на тешки подлоги (на пример, дрво, плочки, дисперзии, крути епоксидни облоги). Може да се користи и на стари подови со цврсто залепени остатоци од лепило или боја.

Чекор по чекор

ЧЕКОР 1

Силно промешајте го а потоа разредете го CN 94 со вода во однос 1:3 (CN 94:вода). Кога се користи на дрвени површини и асфалтни кошулици, во комбинација со самонивелирачка маса, CN 94  треба да се користи неразреден.

ЧЕКОР 2

Нанесете тенок слој CN 94 директно со четка избегнувајќи создавање на вишок течност.

ЧЕКОР 3

Во зависност од условите за сушење, со работа може да се продолжи после 2 до 4 часа.