CT 75 СИЛИКОНСКИ ЗАВРШЕН МАЛТЕР, РУСТИКАЛНА СТРУКТУРА, ГРАНУЛАЦИЈА НА ЗРНО 2.0мм

Опис

Декоративен тенок малтер за внатрешна и надворешна употреба

Карактеристики

  • Спремен за употреба
  • Паропропусен
  • Висока хидрофобност
  • Отпорен на временски влијанија
  • Висока отпорност на нечистотии
  • Bисока водоодбивност
  • Загарантирана долготрајност

Прочитајте повеќе

Ceresit CT 75 е тенкослоен декоративен малтер кој се вградува на бетонски и гипсани подлоги, малтери, иверки, и гипсани табли со влакна. Препорачуваме нанесување на малтерот СТ 75 како фасаден малтер во рамките на Ceresit Ceretherm ETICS (Композитни системи за надворешна термална изолација) со примена на ЕРS-плочи (плочи од експандиран полистирен) или минерална волна. Ceresit СТ 75 се користи посебно за делови на згради на кој е потребно висока паропропусност. Достапен е во широка палета на бои, но не е за препорака користење на темни тонови за големи површини, туку само на архитектонски детали.

ЧЕКОР ПО ЧЕКОР

Содржината на кантата внимателно да се измеша. По потреба треба да се додаде мала количина на вода како би се прилагодила конзистенцијата. При вградување не смее да се користи рѓосан алат и канти. СТ 75 се нанесува на подлога во рамномерен слој во дебелина која ја диктира полнилото при нанесување со челичната глетарка. Потоа се завршува обработката со помош на пластична глетарка за да се добие хомогена структура на материјалот. Не прскајте го малтерот со вода! Работата се изведува без прекин. Доколку во производот се додаде вода, истата количина мора да се додаде во сите канти. Ако работата сепак мора да се прекине, прекинувањето да се направи со креп трака. Траката се отстранува после финалната обработка додека малтерот е уште свеж. Работите се продолжуваат со употреба на креп трака која се псотавува на ивицата на делот каде што е материјалот исушен.