- MULTI PRO – универзален за различни видови термоизолациски плочи (EPS - бел и графитен, XPS, MW) и различни начини на нанесување (лепење и армирање)
- Постојан и флексибилен
- Збогатен со Fibre Force влакна
-
MULTI PRO – универзален за различни видови термоизолациски плочи (EPS - бел и графитен, XPS, MW) и различни начини на нанесување (лепење и армирање)
-
Постојан и флексибилен
-
Збогатен со Fibre Force влакна
-
Отпорен на сите временски услови (можност за работа од +5°C до +35°C)
-
Водоодбивен и паропропусен
CERESIT® Thermo Universal е составен дел од ETICS системот (систем за надворешна термоизолација) во рамки на Ceresit Ceretherm системот,
со употреба на EPS (бел и графитен), XPS и MW плочи и ламели.
Ceresit Thermo Universal лепакот се користи за лепење на EPS (бел и графитен), XPS и MW плочи, како и за изработка на армиран слој во комбинација со фасадна мрежа од стаклени влакна Ceresit CT 325 – како за нови ѕидани објекти, така и за постоечки објекти кои треба да се термоизолираат. Вреќа од 25 kg.
Ceresit Thermo Universal лепак се одликува со одлична лепливост на носечки, цврсти и суви подлоги, како што се ѕидови, малтери и бетонски ѕидови без маснотии, битумен, прашина и други супстанции што го намалуваат плепењето. Лепењето на постојните малтери, бои и премази треба да се провери пред почетокот на вградувањето. „Шуплив“ (нестабилен) малтер треба да се отстрани. Сите нечистотии и супстанции што влијаат на лепењето, паронепропусни премази и премази кои се слабо врзани за подлогата треба комплетно да се отстранат. На подлоги со многу голема впивливост, на пр. ѕидови направени од гас-бетонски блокови, пред почетокот на работите треба да се нанесе основен премаз Ceresit CT 17 и да се остави да се исуши приближно 1 час.
CERESIT THERMO UNIVERSAL истурете го во точно измерена количина на вода и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
Зајакнување на термоизолациски плочи EPS/XPS: нанесете лепак а потоа притиснете на ѕид. Нанесување на армиран слој: фасадна мрежа од стаклени влакна да се нанесе на свеж лепак (со 10 cm преклоп) и рамномерно да се измазни, тако што стаклената мрежа нема да се гледа/
Зајакнување на плочи од минерална волна: пред нанесување на Thermo Universal потребно е да се нанесе прајмер Ceresit CT 80 на плочата во тенок слој, околу 1 mm на целата површина.
Армираниот слој не треба да се нанесува на површини изложени на силни сончеви зраци и мора да биде заштитен од дожд. Нанесувањето треба да се изведе при температури од +5°C и +35°C. Кожата и очите треба да се заштитат.
Ceresit Thermo Universal е составен дел од ETICS системот (систем за надворешна термоизолација) во рамки на Ceresit Ceretherm системот, со употреба на EPS (бел и графитен), XPS и MW плочи и ламели. Ceresit Thermo Universal лепакот се користи за лепење на EPS (бел и графитен), XPS и MW плочи, како и за изработка на армиран слој во комбинација со фасадна мрежа од стаклени влакна Ceresit CT 325 – како за нови ѕидани објекти, така и за постоечки објекти кои треба да се термоизолираат.
CERESIT THERMO UNIVERSAL може да се нанесе на носечки, цврсти и суви подлоги, како што се ѕидови, малтери и бетонски ѕидови без маснотии, битумен, прашина и други супстанци кои го намалуваат лепењето.
CERESIT THERMO UNIVERSAL е присутен во CERESIT AQUASTATIC системот, SELF CLEAN системот, SOLAR PROTECT системот, VISAGE системот.