Основни премази
CERESIT CT 19
BETONKONTAKT
Брзоделувачки специјален основен премаз
-
За лепење керамика на гипс картон и OSB табли
-
За стари подлоги со остатоци од лепак
-
Создава површина со добро лепење
- Опис
- Упатство за користење
- Често поставувани прашања
CERESIT® CT 19 е специјален основен премаз и средство за подобрување на лепењето на проблематични подлоги. Може да се користи во затворени и отворени простори за подготовка на подлогата пред нанесување на лепак за плочки и природен камен, маса за израмнување на ѕидови и подови и пред нанесување на малтери. Достапно пакување: Канта од 5 kg
-
За лепење керамика на гипс картон и OSB табли
-
За стари подлоги со остатоци од лепак
-
Создава површина со добро лепење
-
За впивачки и невпивачки подлоги
CERESIT CT 19 е специјален премаз за подобрување на лепливоста на критични површини. CT 19 е совршено решение за внатрешна и надворешна употреба поради силното лепење на критични подлоги и брзото сушење. CT 19 се користи за нанесување на плочка на плочка, PVC, OSB и бетонска подлога. Дополнително е збогатен со кварц.
CERESIT CT 19 прајмерот е погоден за следните подлоги: калциумски подлоги, сулфатни, цементни, асфалтни мастики, суви кошулици; бетон, ветонски вакум; дрвени облоги како што се цврсти подни плочи, иверици,или OSB плочки; израмнувачки маси, плочки, облоги од природен или вештачки камен; дисперзија и цврсти бои; кречни, кречно-цементни и цементни малтери, гипсани малтерии гипсани плочи; зајакнати панели; порозен бетон; стари подлоги со остатоци од лепак; цврсти PVC облоги.
Работите изведувајте ги при температура на околината и подлогата од +5°C до +35°C.