Основни премази за подополагање
CERESIT CN 94
STRONG CONTACT
Специјален основен премаз за сигурно лепење маса за нивелирање, керамика и природен камен на критични површини
-
За примена: „плочка на плочка“
-
За обоени и необоени дрвени подлоги
-
За впивачки и невпивачки подлоги
- Опис
- Упатство за користење
- Често поставувани прашања
CERESIT® CN 94 е направен за основно премачкување на подлогите во внатрешни и надворешни простори пред поставување на самонивелирачка маса, репарациони маси, лепила за керамика и камени плочи. Формулата посебно се препорачува за критични подлоги како што се: керамички плочки, дисперзирани и епоксидни премази. Производот ја зајакнува површината на подлогата и го подобрува лепењето на подлогата. Може да се нанесува на анхидрантни, цементни и мастик асфалтни кошулици, бетон, обоени и необоени дрвени подлоги итн. Достапно пакување: Шише од 1l
-
За примена: „плочка на плочка“
-
За обоени и необоени дрвени подлоги
-
За впивачки и невпивачки подлоги
-
Висока моќ на врзување
-
Брзо сушење
CERESIT CN 94 е специјален прајмер за сигурно лепење на подни маси за израмнување, керамика и природен камен на критични површини. CN 94 се користи на невпивачки подлоги, OSB плочи и за нанесување на плочка на плочка благодарение на силната адхезија и висок ефект на зајакнување. CN 94 се препорачува за вертикални површини.
CN 94 може да се нанесува на вертикални и хоризонтални површини, впивачки и невпивачки. Формулацијата посебно се препорачува за критични подлоги (само за внатре) како што се: кошулици со остатоци од лепак кои тешко се отстрануваат, керамички плочки, дисперзиони и епоксидни премази.
Работите изведувајте ги во суви услови, со температура на воздухот и подлогата од +5°C до +25°C. CERESIT CN 94 не смее да се истури во канализација или да се меша со други адитиви.