Премази
CERESIT CT 17
ОСНОВЕН ПРЕМАЗ
Основен премаз на база на смола за впивачки подлоги
-
За зајакнување на впивачки подлоги
-
Ја намалува водовпивливоста
-
Ја зајакнува подлогата и го зголемува лепењето на подлогата
- Опис
- Упатство за користење
- Често поставувани прашања
CERESIT® CT 17 е основен премаз за ѕид и под за врзување на слаби честички прашина и зголемување на водоодбивноста на глет маса, гипс-картон плочи, и влакнести плочи, анхидрантни подлоги, високо апсорбирачки малтери или цементни подлоги, природни или вештачки подови како и бетонски подлоги. Се применува во внатрешни и надворешни простори со фокус на лепење тапети, нанесување глет маса, боја или вградување на термоизолација, како и за лепење керамички плочки и излевање подови. Достапни пакувања: Шише од 2 l, пластична канта од 5 l и 10 l.
-
За зајакнување на впивачки подлоги
-
Ја намалува водовпивливоста
-
Ја зајакнува подлогата и го зголемува лепењето на подлогата
-
Паропропусен
-
Ја забрзува работата (возможно е да се премине на следната фаза за 15 минути)
CERESIT CT 17 е прајмер за сите впивачки подлоги кои длабоко продираат и брзо се суши. CT 17 се користи за грундирање под керамички плочки на минерални подлоги, под самонивелирачки маси и термоизолација. CT 17 е совршен за внатрешна и надворешна употреба за зајакнување на површината на подлогата.
CERESIT CT 17 е дизајниран за грундирање на подлоги (ѕидови, подови, плафони) внатре и надовор од згради, пред поставуање на керамички плочки и излевање на подови, лепење подни облоги, глетување, фарбање или вградување на термоизоација. Подлоги премачкани со CT 17 може да бидат сите типови на малтер, бетон, кошулица, подлоги со инсталација на подно греење.
Работите изведувајте ги при температура на околината и подлогата од +5°C до +25°C и влажност на воздухот под 80%.