Флексибилни лепила
CERESIT CM 16 WHITE
FLEXIBLE NATURAL STONES
Бел флексибилен лепак за природен камен и мермер
-
Максимална должина на најдолгата страна на плочката е 120 cm
-
Отпорен на вода и мраз
-
Без лизгање на вертикални површини
- Опис
- Упатство за користење
- Често поставувани прашања
CERESIT® CM 16 WHITE е бел флексибилен лепак за поставување плочки на деформабилни подлоги, тераси, базени, купатила и системи со подно греење. Наменет е за природен и вештачки камен, секаков вид на мозаик, вклучувајќи стакло, керамика, мермер, гранит, пескар, травертин, мешавина од светол вар и други крупнозрнасти камени плочи. Истотака погоден е за поставување на керамички и грес плочки, стаклени керамички плочки и теракота. Достапно пакување: Вреќа од 25 kg.
-
Максимална должина на најдолгата страна на плочката е 120 cm
-
Отпорен на вода и мраз
-
Без лизгање на вертикални површини
-
Погоден за лепење плочка на плочка
-
Висока сила на лепење
Ceresit CM 16 WHITE е наменет за поставување на сите видови мозаик вклучувајќи стакло и керамика, мермер, гранит, пескар, травертин, мешавина од светол вар и други крупнозрнасти плочи. Истотака погоден е за поставување на керамички и грес плочки, стаклени керамички плочки и теракота.
Карактеристиките на лепакот CERESIT CM 16 WHITE овозможуваат поставување плочки на гипсани табли, суви кошулици, бетон и водонепропусни слоеви (освен на црни битуменски премази). Може да се користи во влажни простории, како што се купатила, базени, тераси, балкони со соодветни дилатациски споеви, скали, подно греење, фасади, OSB плочи и на постоечки керамички облоги.
CERESIT CM 16 WHITE треба да се нанесува во суви услови, со температура на воздухот од +5 °C до +25 °C.