FIBRE FORCE ЛЕПИЛА ЗА КЕРАМИКА

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО FIBRE FORCE ВИДЕОТО!

ОБЛАСТ НА ПРИМЕНА

FIBRE FORCE ТЕХНОЛОГИЈА

Ceresit иновација заснована на влакна кои обезбедуваат инзвонредна сила и флексибилност. Влакната во Ceresit лепилата за керамика создаваат силна зона која формира врска со плочката и ја одржува полимерната матрица долготрајна.

При поставување на плочките, под плочките се формира слој од ситни честички, полимери, а сега дополнително и влакна. Без влакна во структурата на лепилото, слојот под плочките со тек на време се суши и може да се развлече, а на тој начин се нарушува стабилноста на подлогата.

Благодарение на новото решение кое е базирано на влакна, може да се постигне долготрајна стабилност дури и на најсложени и критични подрачја.

МИСЛЕЊЕ НА МАЈСТОРИ

"Со лепилата збогатени со Fibre Force технологијата, сигурен сум дека плочките ќе се залепат на било која подлога."

Роман, Чешка

"Ги користам лепилата Ceresit збогатени со Fibre Force технологијата затоа што сакам моите резултати да траат засекогаш."

Добор, Хрватска

"Ги избирам лепилата збогатени со Fibre Force технологијата затоа што ми овозможуваат да ја завршам работата и во најтешки услови."

Јеромос, Унгарија

БЕЗБЕДНО ПО ЗДРАВЈЕ

Влакната кои се користат во Ceresit флексибилниот лепак за плочки целосно ги задоволуваат критериумите наведени во Notes Q i R (Nr. 1. 1. 3, Annex VI u CLP Regulation (EC) broj 1272/2008) од Европската комисија. Овој вид на влакна не е класифицирана како канцерогена во Европската Комисија.

Употребата на влакна во Ceresit лепакот за плочки не влијае на класификацијата и декларацијата на производот, и не ја менува моменталната превенција и контрола препорачана за негово ракување и примена.

Јасно е потврдено дека влакната кои се користат во Ceresit флексибилните лепила за плочки се целосно безопасни кога се следат пропишаните безбедносни мерки.

ШТО Е EC1 СЕРТИФИКАТ?

EMICODE е меѓународно признаен стандард за квалитет за производи со ниска емисија. EC1 PLUS значи најниско ниво на емисија. А ниско ниво на емисија значи поздрава клима во собите.