CR166 Флексибилна маса

Опис

Флексибилна, двокомпонентна хидроизолациска маса. За хидроизолација и пополнување на пукнатини на згради и структурни компоненти.

Карактеристики

  • пополнување на пукнатини до 1 мм
  • флексибилна
  • заштита на армиран бетон
  • потребна количина (во зависност за што се употребува):
  • -влажност на земја 3.0 кг/м2
  • -вода под притисок 4.0 кг/м2

Прочитајте повеќе

Ceresit CR 166 е направена за хидроизолирање и акустична изолација на минерални подлоги. Може да се користи за хидроизолација како на надворешни така и на внатрешни деформирачки и недеформирачки подлоги. Може да се нанесува на тераси, балкони, влажни соби, подземни конструкции, погони за отпадна вода, септички јами итн. Исто така, се применува и за внатешно затнување на базени и резервоари (вклучително и резервоари со вода за пиење) со длабочина до 50 м. CR 166 е отпорен на негативен воден притисок и неговата флексибилност овозможува пополнување на пукнатини со ширина до 1 мм. Премазот ја одложува карбонизацијата и може да послужи како антикорозивен слој што го штити бетонот и армираниот бетон од атмосферски загадувачи.

Тестиран е во полскиот институт за градежен инженеринг.

Чекор по чекор

Подготовка на подлогата

CR 166 се користи на оптоварени, цврсти и чисти површини, без какви било супстанци што би го поречиле врзувањето (маснотија, битумен, прашина) и тоа на: - бетон (стар повеќе од 28 дена) - цементни кошулици и гипсеви (стари повеќе од 28 дена) - брзостврднувачки цементни кошулици CN 87 (стари повеќе од 3 дена) - цигли со полни спојки (постари од 28 дена) Површините мора да се мазни, впивливи и пропустливи. Нечистотија, стари слоеви со слаба отпорност и сите претходни слоеви на боја, цемент и гипс и супстанци што го отежнуваат врзувањето мора да бидат внимателно отстранети. Се препорачува да се припреми подлогата со помош на воден млаз под притисок или со песочен млаз. Статични пукнатини широки повеќе од 0,5 мм треба да се прошират и потоа да се пополнат со цемент Ceresit CX 5. Нерамните површини треба да бидат израмнети со цементен малтер. Острите краеви треба да бидат исечени или избрусени. Краевите треба да бидат отсечени до околу 3 цм, додека пак ќошињата треба да бидат заоблени (со цементен малтер или CX 5 помешан со песок) до радиус од најмалку 4 цм. CR 166 бара претходно влажнење на подлогата (без настанување на вирови).

Нанесување

Составот на масата треба да биде приспособен на начинот на нанесување: - за нанесување со четка ставете ја компонентата B (течност) во сад за мешање, додадете два литра вода и мешајте со бавно ротирачка електрична дупчалка истовремено додавајќи ја прашестата компонента А -за нанесување со мистрија: ставете ја компонентата В во сад за мешање и мешајте со бавно ротирачка електрична дупчалка истовремено додавајќи ја прашестата компонента А. Смесата треба да се меша сѐ додека не се изгубат грутките. Оставете го CR 166 да отстои околу 5 минути и потоа уште малку измешајте. Пред нанесувањето, подлогата треба да биде навлажнета, но не мокра. Првиот поголем слој од CR 166 секогаш треба да се нанесува со четка. Следните слоеви може да се нанесуваат со четка или мистрија. Треба да се внимава запечатената површина да не се исуши пребрзо и да не биде директно изложена на сонце. Ако вториот слој се нанесува со четка, тоа треба да се прави накрсно врз слојот што е заврстен, но сѐ уште влажен. Обично, новите слоеви може да се нанесуваат на секои 3 часа. Алатите и свежите остатоци може да се мијат со вода, но после стврднувањето на масата можно е само механичко отстранување. Ако CR 166 се користи за дополнителна заштита на армираниот бетон против брза карбонизација, тогаш е потребно слојот со масата да се нанесе 50 цм надвор од површината што е во опасност од карбонизација. Ширењето, спојките и ќошињата што не можат да бидат лесно заоблени до радиус од 4 цм, треба да бидат запечатени со Ceresit CL 152 лента за затнување или Ceresit CL 56/57 за затнување на ќошиња. Овие материјали се вградени помеѓу посебните слоеви на CR 166. Цевките треба додатно да бидат запечатени со Ceresit CL 53 прстени за запечатување на ѕидови. Затнувачката маса е подготвена за газење по само 3 дена. Како и да е, дури и после целосното стврднување премазот не смее да биде директно изложен на тешки механички товари.