TS 61 UNIVERSAL

Опис

Полиуретанска пена со сламка

Карактеристики

  • Одлична лепливост 
  • Висока термална и звучна изолација
  • Одлично полнење
  • Хомогена структура

Прочитајте повеќе

Ceresit TS 61 е еднокомпонентна пена со сламка со одлична структура и механичка сила. Се нанесува многу лесно со сламка. Додека се стврднува, таа го зголемува својот волумен и поради тоа мора да имате во предвид да оставите простор за нејзино ширење. Одлична е за дрво, бетон, камен, метал и сл. Крајниот резултат зависи и од условите во кои се работи - температура на воздухот, влажност, простор за ширење и сл. Производот не содржи CFC.

Чекор по чекор

ПОДГОТОВКА НА ПОДЛОГАТА

Подлогата мора да биде чиста и сува и без супстанци кои можат да го попречат лепењето. Навлажнете ги минералните и порозните подлоги за поголема адхезија. Околните површини заштитете ги со заштитна трака. Површината треба да биде чиста и без прашина, дозволена е влажност но не и мраз.

ПОДГОТОВКА НА ПРОИЗВОДОТ

Работната температура за овој производ е од -10°C до +30°C.

Препорачана температура на производот е од +5°C до +30°C.

Се препорачува производот да се чува минимум 12 часа на собна температура.

Отстранете го капакот од производот и цврсто завртете ја пластичната цевка врз отворот на лименката. Силно измешајте го производот пред употреба (15-20 пати).

НАНЕСУВАЊЕ

При работа со производот секогаш држете го со цевката надолу.

Дозирањето е прилагодливо, во зависност од притисокот. Оставете простор за ширење на пур пената.

Нанесувајте умерена количина на пур пена, за да се избегне непотребно трошење. Повторно протресувајте при нанесување.

Навлажнување на површините и пената го подобрува лепењето и
 структурата на пената.

Ако паузите при работа се подолги од 5-10 минути, цевката треба да се чисти со Ceresit TS 100 чистачот.

Стврднатите делови може да се отстранат само механички.

ПРЕПОРАКИ

Ширината на шуплините што се пополнуваат зависи од температурата и влажноста. Во суви услови (зима и простории со подно греење) се препорачува шуплините да се пополнат во неколку тенки слоеви (3-4cm) навлажнувајќи помеѓу секој слој.